Утрински Весник
Македонија

Прилеп со први два случаи на коронавирус и зајакнати мерки за заштита

Прилеп со први два случаи на коронавирус и зајакнати мерки за заштита

Прилеп, 25 март 2020 (МИА) – По потврдата дека во Прилеп се евидентирани првите два случаи на заразени од коронавирусот, прилепскиот кризен штаб ги заостри превентивните мерки во градот. Зајакнати се контролите на автомобилите на сите четири влезови во градот и се врши дезинфекција на секое возило.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, двајцата заразени сопружници, над 60-годишна возраст, се во добра здравствена состојба.

– Двајцата наши сограѓани се во добра здравствена состојба и им е пружена адекватна здравствена помош. Со ова, сакам да им дадам поддршка за побрзо оздравување, меѓутоа и да ги охрабрам сите оние кои имале и најмал контакт со потенцијални преносители, да се пријават за да може надлежните здравствени работници побрзо да реагираат, изјави Јованоски.

Според засилените мерки, контролирана е работата на градскиот пазар кој од утре ќе се затвори.

-Бидејќи, денеска во Прилеп беше пазарен ден, од раните утрински часови се вршеше контролиран влез и излез од Градскиот пазар. На влезовите беа поставени средства за лична дезинфекција, а на пазарџиите и на граѓаните им беа давани заштитни маски. Со поголем интензитет се врши дезинфекција на улиците во градот. Истото ќе биде направено и во населените места. Продолжува забраната за Јавниот градски превоз, а од утре Градскиот пазар ќе биде затворен, изјави Јованоски.

Јованоски го повтори предупредувањето сите граѓани да се придржуваат на мерките за заштита. Инаку, во Прилеп во самоизолација се 176 лица. Има две кривични пријави поради непочитувањето на полицискиот час од синоќа. ем/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година