Утрински Весник
Македонија

Минатата година докторирале 204 лица, 16 отсто помалку од 2018-та

Минатата година докторирале 204 лица, 16 отсто помалку од 2018-та
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Во 2019 година 204 лица стекнале звање доктор на науки, што е намалување за 16 отсто во споредба со 2018 година, соопшти денеска  Државниот завод за статистика.

Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки (43.1 отсто), на медицинските науки докторирале 22.5 отсто, потоа следуваат техничко-технолошките науки (14.2 отсто), а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно-математичките науки и биотехничките науки.

Докторска дисертација во 2019 година одбраниле 122 жени, што претставува 59.8 проценти од вкупниот број лица што докторирале.

Од вкупниот број, најмногу (24 отсто), својата професија ја извршуваат во образовната дејност.

Звање магистер или специјалист лани стекнале 1916 лица, од кои 1736 или 90.6 отсто се магистри и 180 или 9.4 отсто се специјалисти. Во споредба со 2018 годинa, бројот на магистри и специјалисти е зголемен за 1.6 отсто.

Учеството на жените магистри во вкупниот број е 60.1 проценти.

Според податоците на ДЗС, најголем број од магистерските трудови (1081 или 62 отсто)  во 2019-та се од областа на општествените науки, 23 проценти се од  техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки. хс/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен