Утрински Весник
Македонија

МВР: Изминатите 24 часа 103 лица не го почитувале полицискиот час

МВР: Изминатите 24 часа 103 лица не го почитувале полицискиот час

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатово деноноќие на територијата на државата по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот, полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан.

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои на граничните премини потпишале изјави за самоизолација.

Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Иран не може да се порази со сила – исходот води кон договор вели Стефановски

Стефановски: Блискиот Исток е темпирана бомба со глобални последици

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја