Утрински Весник
Економија
Img 7972

Стопанската комора на Македонија формира Кризен штаб

Седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум
Img 7972

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Стопанската комора на Македонија формира Кризен штаб што ќе функционира додека трае вонредната состојба во земјава воведена поради коронавирусот.

Целта е, како што соопшти, уште поголема поддршка на компаниите преку обезбедување континуирана достапност на информации и преземање активности за полесно пребродување на кризната ситуација.

– На интернет страницата на Стопанската комора на Македонија компаниите можат да најдат бројни корисни информации важни за оперативното работење во тековните околности, информации за уредби, одлуки и препораки усвоени од Владата и други надлежни органи, интерни информации со прашања кои ги покренуваат компании-членки и информации од регионот, особено од Коморскиот инвестициски форум. На интернет страницата на Стопанската комора на Македонија ќе бидат наведени и дежурни контакт лица со контакт информации, стои во соопштението. мч/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фриленсерите не чекаат можности, туку ги создваат

ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесуваат за постепено намалување на инфлацијата и задржување на финансиската стабилност