Утрински Весник
Македонија

Приведени четворица во Велес за напочитување на полицискиот час, во Кавадараци и Неготино по двајца

Приведени четворица во Велес за напочитување на полицискиот час, во Кавадараци и Неготино по двајца

Велес, 25 март 2020 (МИА) – Во Велес синоќа од  слобода се лишени четири лица, поради непочитување на полицискиот час, а во Кавадарци и во Неготино по две лица.

Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Велес кој го покрива овој регион. 

Инаку, во моментов во самоизолација се наоѓаат вкупно 614 лица од кои 150 во Велес, 305 во Кавадарци и 159 во Неготино, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. ад/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Десет пожари на отворен простор, активни се шест

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

На владина седница во вторник ќе биде донесена одлука за формирање на училишната кошничка