Утрински Весник
Македонија

Во Општина Гевгелија се самоизолирани 250 лица

Во Општина Гевгелија се самоизолирани 250 лица

Гевгелија, 25 март 2020 (МИА) – Во домашна самоизолација моментно се наоѓаат 250 лица од општина Гевгелија кои изминатиов период се вратиле дома од други земји. Ниту еден од нив, според епидемиологот Сашо Олумчев, нема симптоми на Ковид-19.

– Сите лица кои се во самоизолација, како што самите изјавуваат по телефон, се чувствуваат добро, рече денеска епидемиологот Олумчев, кој потврди дека од вчера во подрачната единица на гевгелискиот Центар за јавно здравје е отворен и пункт за тестирање за сомнителни и позитивни пациенти.

Епидемиологот Олумчев појасни дека тестирањето на граѓаните ќе се врши со посебни протоколи во договор со матичните лекари и преку „Мој термин“.

Тој апелираше до граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и доколку имаат типични симптоми да се јават кај нивните матични лекари кои преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестираат или не. им/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца