Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Во тешки времиња за нашиот народ, за Балканот и за целиот свет од ЕУ добивме радосна и долгоочекувана вест – донесена е одлука Северна Македонија почнува преговори за членство во ЕУ. Историската грешка е исправена, нема никакви пречки ниту услови. ЕК треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес – конференција во седиштето на партијата.
-Во екот на борбата против коронавирусот кога сите наши капацитети и мисли се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните и кон санирање на евроспките последици ова е охрабрувачка порака дека само со напорна работа и државнички одлуки може да се соочиме со предизвиците. Ја ослободивме државата презедовме чекори и донесовме храбри одлуки за да ги решимје проблемите со соседите. Ставивме крај на расипништвото и на стравот ја ставивме економијата на здрави нозе, ја внесовме земјата во НАТО, а еве сега почнуваме преговори со ЕУ.
Тој се заблагодари на ЕУ што веднаш по објавувањето на оваа историска одлука стигна и веста за помош од Унијата од 66 милиони евра за нашата земја. -Благодарни сме на оваа помош и поддршка, затоа што заедно сме и полесни и заедно успешно ќе се справиме со сите предизвици, рече Заев.
По влезот во НАТО, нагласи лидерот на СДСМ, ја реализравме и втората стратешка цел поставена уште од денот на независноста на 8 септември 1991 година и успеавме, рече, за само 2,5 години со мудри одлуки да станеме земја за пример. Иднината на земјата е обезбедена, нема враќање назад, продолжуваме само напред. Земјава, посочи, стана пример за брзи и темелни реформи, а тоа е верификувано едногласно од ЕУ членките со донесената одлука. Успехот на нашата татковина, додаде, директно произлегува од тешките политики, државничките одлуки кои ги донесовме како влада предводена од СДСМ и мнозинството пратеници во Собранието.
-Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, без реформите и уставните измени, без Законот за јавното обвинителство немаше да биде возможен овој успех. Тоа се храбрите бполитрички одлуки кои ги отворија вратите од чекланата во која бевме изминатите 15 години. Голем дел од тие одлуки беа донесени со двотреинско мнозинство од Собранисаето. Двотретинско мнозинството пратениците кои покажаа историска одговорност од име на својот народ и сигурната иднина која е пред нас, рече Заев.
Тој упати благодарност и до сите граѓани кои во огромна бртојка од преку 80 пропценти дадода поддршка за нашите евроинтеграции и одлуките на тој пат.
-.Со денешниот ден завршува нашето чекање од 15 години откакоа го добивме кандидатскиот статсу за членство во ЕУ. Преговорите започнуваат и враќање назад веќе нема. Иднината на С Македонија е обезбедена и загарантирана – членка во НАТО и ЕУ. Започнува процес на позитивна трансформација на држвата и општетството низ кој поминаа сите денес членки на ЕУ. Патот кој денес го започнуваме треба да го завршиме како држава членка на ЕУ, рече Заев.
На овој успех, подвлече, треба да се израдуваат сите граѓани, политички партии, сите етнички заедници и целото општетство, но овој момент нагласи, означува почеток на еден преговарачки процес за современо европско општетство.
-Тој процес нема да биде лесен но ја претсвува најважната должност на нашата генерација, дома да биде ЕУ и ЕУ да биде дома, рече Заев.
Се заблагодари на европските лидери, европските институции и на ЕП на помошта и поддршката, и порача дека не чекаат преговори кои се последен чекор до членството во ЕУ.
-Вредеше да се бориме за ова. Нашата желба за работа и успех е уште поголема. Пред нас е предизвикот да се избориме со здравстената и економската криза предизвикана од корона вирусот, а потоа целосно да се посвети на процесот на преговорите. Знам дека заедно ќе успееме и ќе се избориме со предизвиците и ќе започнеме преговори со ЕУ – последниот чекор кон полноправно члентство во најголемото европско земејство, рече Заев. вг/са/
Во живо: Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Во живо: Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Posted by Zoran Zaev on Среда, 25 март 2020