Утрински Весник
Македонија

Изгоре регионалната телевизија „ВИС“ во Струмица, тројца пожарникари повредени

Изгоре регионалната телевизија „ВИС“ во Струмица, тројца пожарникари повредени

Струмица, 25 март 2020 (МИА)-Синоќа околу 2 часот во пожар изгореа просториите на Регионалната телевизија „ВИС“ во Струмица, а зафатени се и простории на еден текстилен погон и Социјалниот повеќенаменски центар на општина Струмица. Во пожарот полесно се повредени и тројца пожарникари, кои учествувале во гаснењето на пожарот.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев во гаснењето учествувале скоро сите пожарникари со сета расположива техника и по повеќе од 6 часови пожарот е ставен под контрола.

-Запрено е ширењето и сега наши екипи го контролираат местото на пожарот, рече Гудев.

Информираше дека двајца од повредените пожарникари се на лекување во струмичката болница, а еден се здобил со полесна повреда на ногата.

На официјалната страница на ТВ „ВИС“ информираат дека телевизијата нема да ги остави гледачите без содржини и дека екипите ќе работат и понатаму на терен. Ќе ги информираат граѓаните за се што се случува во регионот преку официјалната веб страница, фејсбук страницата, а вестите ќе се емитуваат на официјалниот „јутјуб“ канал.рт/ит

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возел пијан на автопат па полицијата му го одзела возилото

Кривични пријави за 11 лица поради управување возило без дозвола

Кон Македонија се приближува нов бран на врнежи, обилни во западните предели