Утрински Весник
Македонија

Објавен јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски

Објавен јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски

Скопје, 25 макрт 2020 (МИА) – Владата денеска објави јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од корона вирусот (COVID 19) за време на вонредната состојба. Јавниот повик ќе трае 24 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите треба да бидат доставени најдоцна до 26 март 2020 година до 15.30 часот.

Повикот утврдува дека маските треба да бидат изработени од материјал погоден за производство на заштитни маски на понудувачот или од материјал погоден за производство на заштитни маски обезбеден од Владата.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни производители кои ги исполнуваат условите од овој повик

Економските оператори што ќе се јават на овој повик треба да ги исполнуваат следните услови и тоа: 

– Испорака на најмалку 2000 маски дневно;

– Маските треба да бидат за повеќе употреби и треба да може да се перат;

– Испораката да се врши за период на траење на вонредната состојба, на различни локации во Скопје;

– Единечната цена по маска да изнесува максимум 40 денари плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал за изработка во сопственост на економскиот оператор;

– Единечната цена по маска да изнесува максимум 25 денари плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал обезбеден од страна на Владата на Република Северна Македонија;

– За материјалот од кои ќе се изработуваат заштитните маски потребно е да се поседува соодветен сертификат за квалитет издаден од страна на овластена лабораторија.

Понудите од овој повик да се достават во затворен плик, по пошта или лично до архивата на Договорниот орган на следната адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје. Јавниот повик ќе трае 24 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите треба да бидат доставени најдоцна до 26.03.2020 година до 15.30 часот. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Комисија составена од три члена од редовите на Генералниот секретаријат ќе извршат оценување на способноста на понудувачите согласно бараните услови во повикот и ќе предложат избор до Одговорното лице. Економскиот оператор кој ќе достави понуда и ќе склучи договор, доколку не го исполни предметот на набавката според квалитет и квантитет ќе добие негативна референца за учество на јавни набавки.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022. сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност