Утрински Весник
Македонија

Заев: Не беше лесно, но заеднички успеавме, станавме 30 земја членка на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ

Заев: Нов голем пакет економски мерки вреден 200 милиони евра, солидарно и одговорно да помогнеме на работниците, граѓаните, фирмите

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Ако беше лесно сите овие 29 години, се ќе беше решено. Не беше лесно, беше горчлив проблем, кој мораше да го решиме, со решавањето на проблемот со Грција го сочувавме македонскиот идентитет, македонскиот јазик, сега сме признаени од сите. Не беше лесно, пратениците што гласаа беа изложени на силен притисок и затоа денеска треба да се радуваме на плодовите од тоа семе што го посадивме. Двете најголеми стратешки цели на државата, НАТО и ЕУ ги исполни овој парламентарен состав, оваа Влада и верувам дека тоа го заслуживме, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешното гостување на Утрински брифинг.

Тој порача дека Европа конечно ја исправи својата историска грешка и големата неправда кон нас.

-Сега, едногласно, во време на тешка здравствена криза, канцеларии под изолации, премиери во изолации во такви околности министерскиот совет се собра ја донесе одлуката јас верувам дека ќе биде верификувана и од Европскиот совет и дека наскоро ќе се одржи првата меѓувладина седница, порача Заев.

Лидерот на СДСМ упати честитка до граѓаните и до сите институции, кои покажаа доблест за 2,5 години да ги спроведат реформите и светот тоа да го препознае и да станеме полноправна членка на НАТО и да добиеме безусловен почеток на преговорите со ЕУ.

-Одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за безусловно почнување на преговори доаѓа во тешка состојба, но треба да се радуваме, зашто и радоста е лек, обезбедивме извесност и иднина за нашата земја и за нашите деца, носејќи тешки и храбри одлуки, истакна Заев.

Жалам, рече тој, што опозицијата не се израдува и не излезе да го честита почетокот на преговорите со ЕУ.

-Ова е борба што ја воделе сите генерации граѓани, сите политичари, сите влади. Ова е процес кој почна со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, па потоа продолжи кога добивме кандидтатски статус во 2005 година и сега ја дочекавме одлуката за почеток на преговорите. Искрено, очекував и опозицијата да се израдува и да честита, рече Заев. ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кешишев со нова шокантна изјава: Палчо го натерал да го напише писмото во кое тврди дека не е виновен

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд