Утрински Весник
Македонија

Секое семејство во Општина Карбинци ќе добие по еден пар заштитни ракавици и маска

Секое семејство во Општина Карбинци ќе добие по еден пар заштитни ракавици и маска

Штип, 24 март 2020 (МИА) – Кризниот штаб на Општина Карбинци на денешниот состанок на кој присустваа и претседателите на месните заедници одлучи на населението да се поделат вкупно две илјада заштитни маски и ракавици.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека според вкупниот број на жители, тоа значи дека секое едно семејство ќе добие по еден пар заштитна маска и ракавици, кои се за повеќекратна употреба. Диструбуцијата на маските и ракавиците стартува од утре.

Општина Карбинци заедно со ЈП „Плачковица “ продолжуваат со редовно дезинфицирање на јавните површини. Во нашата Општина вкупно девет лица се во самоизолација од кои седум се професионални возачи и две лица се пристигнати од ризичните земји. Секој што не ја почитува мерката самоизолација или изолација ќе оди во државен карантин, на сопствен трошок, вели Насев.

Тој апелира пензионерите, лицата со посебни потреби и лицата со други болести да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно и да ги користат телефонските броеви на Општина Карбинци – 072/275-532 и 070/682-517 со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет. Црвен Крст во соработка со Општина Карбинци отвори телефонска линија за психосоцијална поддршка на граѓани 074 203 050 од 10 до 13 часот.

– Апелираме до жителите и натаму да ги почитуваат и да ги имплементираат мерките за заштита од вирусот и најсериозно да се придржуваат кон полицискиот час, вели Насев. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Царинска управа: на Богородица спречен обид за криумчарење цигари

Полицијата му пронајде нож и дрога – Уапсен млад скопјанец

Филипче кон ВМРО-ДПМНЕ: На чело си ја напишавте корупцијата со носење на Законот за кредит по скратена постапка