Скопје, 24 март 2020
Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години.
Согласно Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020, дека сите заклучоци, мерки, насоки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба, ги известуваме сите вработени и работодавачи дека претходно обезбедените потврди издадени од градинките, основните училишта и центрите за социјална работа за корисниците на услугата дневен центар за деца/лица со попреченост, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години (или активно 4 одделение), продолжуваат да важат и по 24 март 2020 година, односно нивната важност се продолжува до завршување на вонредната состојба.
Истото се однесува и на вработените со хронични состојби и бремени жени, кои се опфатени со мерките.
Јавното здравје е заедничка одговорност, само заеднички можеме да се заштитиме, апелираме сите да ги почитуваат препораките.
Генерален секретаријат на Влада, Сектор за односи со јавноста
_________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.