Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривопаланечкиот Црвен крст мобилизира волонтери за посебни тимови за помош

Кривопаланечкиот Црвен крст мобилизира волонтери за посебни тимови за помош
300x250 opst2

Крива Паланка, 24 март 2020 (МИА) – Волонтерите од мобилните тимови на општинската организација Црвен крст, Крива Паланка се ажурирани и се екипираат согласно најновите препораки од денеска за формирање посебни тимови за достава на пакети до стари изнемоштени лица, останати ранливи категории граѓани и лица кои се во самоизолација.

-Од почетокот на состојбата со Ковид 19 сме постојано на терен, најпрвин бевме на испомош на граничен премин Деве Баир, потоа, работиме со мобилните тимови, примаме повици од граѓаните, само утринава имаше дваесетина, но некои и не се со барања за достава, се јавуваат и за донации. Досега извршивме достава на три локации, според барањата на населението. Од денеска сме во фаза на мобилизацизија на волонтери од заедницата, во близина на локации од каде можат да бидат активни и ефикасни. Тие ќе бидат најавени во семејствата каде доставуваат намирници, за да се избегнат злоупотреби, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

ОО Црвен крст Крива Паланка е во постојана координација со општинскиот кризен штаб, а мобилните тимови се на располагање на граѓаните од 8 до 16 часот.

– Мора да нагласиме што нашата организација им нуди на граѓаните, а тоа се услуга за достава на намирници, храна, лекови и хигиенски средтсва и тоа со најава до 12 часот и 30 минути во денот, заради навремена набавка и достава, и секако граѓаните плаќаат при доставата, како и психосоцијална поддршка секој ден од 9 до 12 часот, додава Пешовски.

Телефонските броеви на кои можат да се јават граѓаните се: 078 30 30 60 услуга на мобилните тимови и 070 949 776 за и психосоцијална поддршка.ид/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму