Утрински Весник
Македонија

Во Велес забрана за користење на Детските игралиште и собирање во групи

Во Велес забрана за користење на Детските игралиште и собирање во групи

Велес,  24 март 2020 (МИА) – Општина Велес ја известува јавноста дека како дел од мерките за заштита и превенција од ширење на Ковид-19 ги затвора сите детски игралишта во градот оградувајќи ги со заштитна лента спортските терени, патеката околу езеро „Младост” и другите јавни површини во градот со цел редуцирање на движењето на граѓаните.

Општина Велес апелира до сите граѓани да не се собираат и да не ги користат овие рекреативни зони.

Воедно согласно Одлуката од дваесет и третата седница на Владата, целосно се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се интензивираат и контролите на Министерството за внатрешни работи и Армијата.

Општина Велес ги повикува граѓаните на целосно почитување на препораките за заштита од коронавирус, со цел за заштита на сопственото и здравјето на останатите граѓани од ширење на Ковид-19. ад/сст/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа