Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Црвен крст Тетово: Крводарување само во Службата за трансфузиона медицина во тетовската болница

Црвен крст Тетово: Крводарување само во Службата за трансфузиона медицина во тетовската болница
Img 7972

Тетово, 24 март 2020 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст Тетово испрати повик до сите граѓани-крводарителите да даруваат крв само во просториите на Службата за трансфузиона медицина.

Поради препораките на надлежните институции за спречување на ширење на коронавирусот не може да се организираат акции на други места, посочуваат оттаму.

– Крводарители со оглед на моменталната состојбата во која сите се наоѓаме со мерките за забрана за собирање на повеќе лица, одржување на социјална дистанца и во неможност да организираме крводарителски акции во традиционална форма. Од мерките кои се преземени се со цел заштита на здравјето на населението приморани сме да вршиме повик за крводарителство само во просториите на Службата за трансфузиона медицина во Тетово. Cе надеваме дека повикот ќе наиде на разбирање до сите вас, се вели во повикот на општинската организација на Црвен крст Тетово.

Службата за трансфузиона медицина е сместена во хируршкиот блок на тетовската клиничка болница. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Акредитирани 591 странски и 658 домашни набљудувачи, пријавени околу 9.000 болни и изнемоштени лица

Ристо Спасов: ДПМНЕ камен не фрли во Радовиш, време е за урбана општина со затворен базен, градинка, зеленило

(Фото) Заев се појави на митингот на СДСМ во Струмица