Утрински Весник
Македонија

Димитров: Северна Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство во ЕУ

Димитров: Северна Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство во ЕУ

Скопје, 24  март 2020 (МИА) – И покрај вонредните околности предизвикани од ситуацијата со коронавирусот особено цениме што ЕУ најде време и волја веродостојно да оддаде признание на досега сработеното. Северна Македонија по 15 години во чекалната како земја кандидат и по  разочарувањата во јуни 2018, јуни 2019 и октомври истата година, конечно го помиунува прагот и ќе може да започне следната заслужена фаза од својот европски пат.

Ова го изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров на заеедничката прес-конференција во Владата со премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот за евроинтеграција Бујар Османи откако денеска Советот за општи работи на ниво на министри за надворешни работи на ЕУ постигна предлог заклучок за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Од сега натаму и ние ќе имаме почетна точка од кога ќе го мериме времето, од кога започнуваме позитивен натпревар со останатите во спроведувањето на реформите и во усвојувањето на европските стандарди. И досега, но отсега па натаму уште повеќе од нас самите зависи. Северна  Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство во ЕУ, рече Димитров

Тој нагласи дека Советот недвосмислено потврди дека Северна Македонија направила опипливи и одржливи резултати во однос на реформите и ја поканува ЕК веднаш да ја подготви преговарачка рамка, а првата меѓувладина конференција да биде свикана што е можно побрзо по усвојувањето на преговарачката рамка. Воедно, додаде Димитров, Советот ја поканува Комисијата да го дозаврши скрининг процесот започнувајчи со кластерот за фундаменталните вредности.

– Би сакал вам македонски гражани, граѓани на нашата Република во овие предизвикувачки времиња од срце да ви честитам за успехот, но и да ве потсетам: Одлуката на Советот не дојде лесно, ниту пак ни е подарена. Ние и вие заедно со макотрпна работа и жртвувања ја заслуживме шансата да покажеме дека му припаѓаме на евопското семејство, реше министерот Димитров.

Тој нагласи дека пред земјата постоеја многу искушенија и преобмислувања, но изодевме тежок реформски пат во вонредни околности кога моравме да ја закрепнеме заробената правна држава. Го склучивме, рече Димитров, Преспанскиот договор и ги усвоивме уставните амандмани со опструкции одвнатре и однадвор, што не беше едноставно, но покажавме визија, разумност и политичка храброст

– Сега НАТО и новото поглавје со ЕУ се реалност и можеби е добро овој пат ние политичарите да ви се заблагодариме вас на граѓаните за успехот, непоколебливата надеж, верба и добро завршената работа. Бидете горди дека исполнивме дел од заветот на вашите баби и дедовци и мајки и татковци и отворивме нова перспектива за нашите деца, за идните поколенија, рече Димитров.

Тој предупреди дека патот натаму ќе биде уште потежок и пострмен, а повторно од нас ќе зависи колку брзо и со како ќе го минуваме патот до денот на полноправното членство во ЕУ.

– Но, денес е ден на зрак надеж дека можеме и дека направивме и никој не може тоа да ви го одземе. Нека ви е честит успехот. Се надевам дека сите заедно ќе го совладаме и предизвикот со пандемијата на коронавирусот. Честито татковино, честито народе, изјави Димитров. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина