Утрински Весник
Македонија

Општина Тетово набави нови апарати за дезинфекција

Општина Тетово набави нови апарати за дезинфекција

Тетово, 24 март 2020 (МИА) – Општина Тетово соопшти дека се набавени 12 апарати за дезинфекција низ градот за места каде не може тоа да се направи од специјалните возила – камиони, информира тетовската градоначалничка Теута Арифи. Таа инфомираше и за заклучоците за денешниот трет состанок на кризниот штаб.

-Сега веќе ќе се прави втор круг на дезинфекција низ градот. Купени се 12 апарати од буџетот, за да се оди таму каде што не може да се прави дезинфекција со механизација. Освен тука, тоа ќе се направи и во руралните места кои спаѓаат во општината. Исто така, во во тие села ќе почне и дератизацијата, потенцира Арифи.

Градоначалничката соопшти дека во Тетово нема позитивен случај на заболен со Ковид19 и дека работат шест пунктови во пет села во Тетово за здравствена контрола и епидемиолошка анкета.

-Додека трае полициски час сите граѓани кои имаат потреба од одење во болница да се јават на 192 и на тој начин да бидат придружувани до болница. Граѓаните да не излегуваат без потреба и да не се собират во големи групи, да ги почитуваат мерките, рече Арифи.

Таа ги повика сопствениците на хотели од Тетовско да се пријават на повикот на Владата за да бидат места за карантински престој на луѓето кои доаѓаат од други земји.ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина