Утрински Весник
Економија

Халк банка утре ќе ја исплати мартовската пензија

Халк банка утре ќе ја исплати мартовската пензија

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Халк банка соопшти дека утре ќе изврши предвремена исплата на мартовската пензија.

– На овој начин пензионерите кои ја примаат пензијата преку банката утре ќе ги имаат пензиите на своја сметка и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку банкоматите, без провизии, информираат од банката.

Ги повикуваат пензионерите во интерес на нивна заштита да не користат готовина и да не ги посетуваат филијалите, туку да ги користат картичките и да се насочат кон електронското банкарство.

Доколку сакаат да подигнат пари од филијалите ќе мора да ги почитуваат препораките односно во филијалата ќе се пропуштаат само ограничен број на лица соодветен на бројот на благајни во експозитурата.

– Во краен случај, за подигање готовина на располагање на корисниците им стојат банкоматите, оние лоцирани до филијалите што неколкупати во текот на денот се дезинфицираат. Од таму сепак препорачуваат при нивно користење да се применуваат пропишаните мерки за лична заштита, се вели во соопштението. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Симболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денар

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

Филипче: Со поскапувањата ниту 600 евра не се доволно да се надмине кризата