Лос Анџелес, 24 март 2020 (/) – Познатата кантавторка Нора Џонс ја објави својата нова песна „I’m Alive”, co којашто и го најавува новиот студиски албум „Pick Me Up Off The Floor“.
Синглот, според нејзините кажувања, настанал во време кога таа се чувствувала доста инспирирана… – Не знам која е точната причина, но претходнава година се чувствував покреативна од кога било, вели Нора.
Песната е снимена во Чикаго. Со себе носи и силна порака. На музичарката во создавањето на синглот и на видеоспотот, ѝ се придружи и Џеф Твиди, член на американскиот состав „Вилко“.
Новатта плоча би требало да биде објавена на 8 мај. Се работи за нејзин седми студиски албум, по „Begin Again” од лани. си