Утрински Весник
Спорт

Обрадовиќ се враќа во Панатинаикос, Јасикевичиус во Фенербахче

Обрадовиќ се враќа во Панатинаикос, Јасикевичиус во Фенербахче

Атина, 23 март 2020 (МИА) – Жељко Обрадовиќ би можел да се врати на клупата на Панатинаикос по седум години од разделбата со „зелените“ од Атина.
„Катимерини“ пишува дека српскиот стручњак е голема желба на газдата на клубот, Димитрис Јанакопулос, откако станува се поизвесно дека тренерот со девет евролигашки титули ќе замине од Фенербахче на крајот на сезоната.
Обрадовиќ веќе двапати одби да потпише нов договор со клубот од Истанбул, додека Панатинаикос е во потрага по наследник на Рик Питино кој се врати во САД поради пандемијата на коронавирус.
Српскиот тренер беше на клупата на Панатинаикос од 1999 година до 2013 година и со „зелените“ освои 12 шампионски титули во Грција и седум во националниот куп.
Во меѓувреме и Фенербахче се подготвува за замена на Обрадовиќ што многу веројатно ја најде во Литванецот Шарунас Јасикевичиус. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција

ГРК Охрид го освои Европскиот куп!

Пелистер испадна во Втора лига, Шкендија Арачиново го сочува прволигашкиот статус