Утрински Весник
Македонија

Во банките чуваме 6,6 милијарди евра, а користиме кредити од 5,5 милијарди евра

Pari11 860x680

Во очекување на одговор на прашањето на какви чекори ќе се одлучат  банките за амортизирање на ефектите од појавата на корона вирусот врз семејните буџети и работата на компаниите најновите податоци на Народната банка откриваат во каква кондиција се наоѓа монетарниот сектор во земјава.

Домашите банки заклучно со февруари годинава имале вкупни депозити од 6,6 милјарди евра и имале издадено кредити од 5,5 милијарди евра. Вкупниот профит на банките по оданочување во минатата година инесувал 108 милиони евра.

Од Народната банка информираат дека вкупните депозити во февруари, се зголемени за 0,2 отсто на месечно ниво и се објаснува со порастот на депозитите на секторот „домаќинства“, при остварен пад на депозитите на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 8,3%, како резултат на растот на депозитите кај двата сектора, со поизразено учество во растот на секторот „домаќинства“ (учество од 70,3 отсто).

Вкупните кредити, во февруари, бележат месечен и годишен пораст од 0,6 оттсо и 6,9 отсто, соодветно. Нагорната промена на месечно и на годишно ниво е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, што е поизразено кај секторот „домаќинства“.

Со цел да им овозможи пофлексибилно работење на банките во новонастанатите услови Народната банка донесе регулаторни измени со кои има се дава простор на банките и штедилниците да им понудат поповолни договорни услови за постојните кредити на оние кредитокорисници – физички и правни лица, коишто пред 29 февруари 2020 година немале проблем со отплатата, односно нивните кредити не биле класифицирани како нефункционални, а во претстојниот период би можело да се соочат со реални потешкотии во намирувањето на своите обврски.

„Поконкретно, измените се однесуваат на поголема флексибилност на банките и штедилниците при промена на договорните услови за отплата на кредитите во прилог на клиентите, во зависност од потребата и финансиската способност на секој кредиторокорисник. Поповолните услови може да бидат привремено одлагање на обврската за плаќање (грејс-период), пролонгирање на рокот на достасување, пониска каматна стапка, одобрување нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот и сл., со што се овозможува намалување на тековниот товар на граѓаните и компаниите во справувањето со негативните притисоци од пандемијата“, информираа од банката.

Засега, ниту една банка не објави промени во работењето согласно новите правила.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер