Утрински Весник
Економија

Јакимоска: Прилепското стопанство не отпушта работници

Јакимоска: Прилепското стопанство не отпушта работници
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прилеп, 23 март 2020 (МИА) – Прилепските фирми не ги отпуштаат работниците. На принуден платен одмор се прилепчани кои работат во компанијата „Кромберг и Шуберт“. Помагаме каде е најпотребно, а се преструктуираме за работа на заштитни средства, изјави денеска претседателот на прилепската Регионална стопанска комора Ирена Јакимоска.

Според Јакимоска компаниите во Прилеп не отпуштаат работници, а ги поздравуваме мерките на Народна банка за одложување на ратите на кредитите на правните и на физичките лица што значи поддршка на ликвидноста на компаниите.

-Во овој момент нема испуштања од работа на вработените во прилепските компании. Единствено што на принуден одмор се вработените прилепчани во компанијата „Кромберг и Шуберт“ кои немаат репроматеријали . Во „Конфи ангел“ нема да има отпуштање на вработените и очекувам тоа да го следат другите компании. За предложените мерки за стопанството дополнително на ниво на Стопанска комора на Македонија ќе се разговара, сѐ е во предлог-фаза, но најбитно што го поздравуваме се мерките на Народната банка е одложувањето на враќањето на главнината од кредитите на правните и на физичките лица во земјава. Тоа ќе го поддржи најнеопходното во овој момент -ликвидноста на компаниите, истакна Јакимоска.ем/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра