Утрински Весник
Македонија

Дел од паушалите делчевските советници ќе ги пренаменат во борбата против КОВИД-19

Дел од паушалите делчевските советници ќе ги пренаменат во борбата против КОВИД-19

Делчево, 23 март 2020 (МИА) – Делчевските советници на денешната 38 седница, едногласно ја прифатија одлуката предложена од претседателот на Советот, Драган Маневски, со која се откажуваат од паушалите за наредните две седници. Со оваа одлука предвидено е запирање на исплатата на надоместокот на советниците за првите две наредни седници. Одлуката не се однесува на членовите на Советот на Општина Делчево кои се невработени.
-Советниците во Советот на Општина Делчево се подготвени да се откажат од паушалите и да работат без никаков надомест во интерес на граѓаните и во наредниот период, доколку кризата со оваа зараза продолжи.
Средствата ќе бидат уплатени на посебна сметка и ќе бидат искористени исклучиво за справување со кризата предизвикана од коронавирус COVID-19. За потрошените средства и намената за која се потрошени, Општина Делчево треба да достави извештај до советот, истакна претседателот Драган Маневски.
Маневски потенцираше и испрати апел до сите партиски чинители дека во ова време на криза, нечовечно е и какво било политичко поентирање, бидејќи во моментов нашите граѓани и нашата држава имаат само еден непријател, а тоа е вирусот Ковид-19.
 -Само заедно, солидарни и без политиканство и други скриени намери, можеме да ја победиме кризата и со вакви и слични одлуки да помогнемке на нашето општество да заздрави од кризата. Како претстедател на Советот на Општина Делчево, будно и сериозно ја следам состојбата и сакам да изразам јавна благодарност до градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски и службите во Општина Делчево, за одговорното и навременото спроведување на мерките кои во вид на Одлука ги донесовме на Советот, а се со цел спречување на појавата и ширењето на коронавирусот на територијата на Општина Делчево, додаде Маневски.
Маневски им порача на граѓаните да ги почитуваат мерките на Минситерството за здравство и да не се дозволи болеста да се прошири и на територија на Општина Делчево. вс/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј