Утрински Весник
Магазин

Американка на 90 години го победи коронавирусот

 

Вашингтон, 23 март 2020 (/) – Џенева Вуд од Сиетл, САД, на прагот кон својата 10-та деценија од животот заболе од коронавирус, но и го победи. Со тоа, таа стана симбол на надежта за илјадници заразени Американци, особено оние повозрасните, но и за милиони луѓе кои деновиве жиивеат во страв.

Џенева се заразила во средината на февруари. Нејзината внука Кејт Нејди за „Сиетл Рефајнд“ истакнува дека баба ѝ се извлекла оти отсекогаш била борец.

Џенева Вуд има пет деца, 11 внуци, 12 правнуци и три праправнука. Од болница ќе биде пуштена следната недела.

Пред неколку дена, иранските медиуми објавија дека 103-годишна жена од пошироката околија на Техеран исто така се излечила од коронавирусот. А пак, британските медиуми пишуваа за успешно излечена брачна двојка од Хангжоу, Кина – кинески астроном на 98 години, и неговата 85-годишна сопруга.

Едно од највозрасните излечени лица во Кина, според италијанските медиуми, е и пензионираниот бискуп од Нанјанг – монсињор Жу, кој има 98 години. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста