Утрински Весник
Македонија

Сугарески: Ако е неопходно ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села

Сугарески: Досега девет милиони денари штета од блокадата на железницата, нема да трпиме уцени

Скопје, 23 март 202 (МИА) – Доколку е потребно ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Владата има донесено мерка за намалување на 50 отсто на бројот на патници во меѓуградскиот превоз и патницитие да бидат најмалку два метра одалечени еден од друг. Согласно препораките на Кризниот штаб, Министерството за здравство и Владата доколку се смета дека е неопходно да се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села и таа мерка дополнително ќе биде донесена, рече Сугарески во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека во моментов согласно препораките во сила е само препораката за сериозно намалување на бројот на патниците во меѓуградскиот превоз. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претреси на пет локации во Скопје: Нови осомничени во случајот со нелегалните ботокси

Користел викенд од Идризово, па завршил со ново апсење

Чувар унапреден, платата му скокнала од 50.000 на 100.000 денари – Кривична за Управниот одбор на М-НАВ