Утрински Весник
Македонија

Формирани мобилни тимови на Црвен крст за набавка на неопходни продукти за лица во самоизолација

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Формирани се мобилни тимови на Црвениот крст чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите, информира Министерството за труд и социјална политика.

Мобилните тимови, се додава во соопштението на Министертсвото, се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.

– Сервисната услуга на мобилните тимови на Црвениот крст е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите кои ќе треба да им се набават. Мобилните тимови овозможуваат поддршка на лицата на кои таа им е најнеопходна и кои поради мерките и препораките за заштита и превенција од коронавирусот не можат да ги напуштаат своите домови, соопшти Министерството.

Контакти по градови – Битола 047 236 019 од 8 до 12 часот, Делчево 033 412 010 од 9 до 13 часот, Велес 078 254 729, 075 272 485, 075 247 637 од 8 до 18 часот, Кавадарци 070 239 352, Кичево 045 225 324 од 8:30 до 12 часот, Кочани 071 373 677 од 9-14 часот, Крушево 071 379 920 од 8-12 часот, Охрид 046 261 909, 070 315 309, 13 112 од 8 до 16 часот, Свети Николе 032 443 171, 074 600 171 од 8-13 часот, Струга 071 398 424 од 8 до 12 часот, Струмица 071 345 901 од 10 до 12 часот, Тетово 044 336 374 од 9 до 15 часот, Штип 074 203 030 од 8 до 16 часот.

– Црвен крст на Град Скопје – тим за бездомници 02 3096 227 од 8:30 до 12:30, Чаир 070 208 383, 02 2621 924 од 8:30 до 12:30, Карпош 071 349 230, 02 3068 806 од 8:30 до 12:30, Кисела Вода 071 349 225, 02 3211 417 од 8:30-12:30, Гази Баба 071 243 078, 02 2529 153 од 8:30-12:30, Центар 070 297 166, 02 3115 029 од 8:30 до 12:30, Куманово 075/207-126 и 077/719-494 од 8 до 16 часот, Крива Паланка 078 303 060, Радовиш 072 277177, Гостивар 042 216 488, Валандово 071239849, 078325978 од 10 до 14 часот, Гевгелија 071-714-105 и Демир Хисар 047-276-861; 071-505-724 од 8:30 – 14:30 часот, стои во соопштението. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”