Утрински Весник
Македонија

Општина Карпош: Е-Едукација за дечињата од Градиниките

Општина Карпош: Е-Едукација за дечињата од Градиниките
Dik 300x250 mk

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Претшколските установи од Општина Карпош започнуваат со прилагодена online едукација за децата. Градинките „Орце Николов“, „Мајски цвет“, „Распеана младост“ и „Пролет“ ќе прикачуваат едукативно – рекреативни содржини, за децата од две до шест години, информираат од Општина Карпош.

Содржините ќе можат да ги отвораат родителите на децата, кои лесно можат да се гледаат во домашни услови. Дел од содржините ќе бидат прикачени на платформата Google drive, но и на веб страните на градинките.

-Примарната цел на локалната самоуправа е да им се понудат едукативни содржини на најмладите, во периодите додека седат дома и не посетуваат предучилишно образование, како резултат на Covid – 19 (коронавирус). Воспитниот кадар на градиките од Карпош, исто така, е дел и од едукативната телевизиска програма која се емитува на Националниот радиодифузен сервис, а е наменета за децата кои посетуваат градинка, се вели во соопштението од општина Карпош.

Во десетте основни училишта во Карпош веќе една недела се применува е – настава, во деветите одделенија, но и во пониските класови.

Од Општина Карпош, ги повикуваат учениците, наставниот и воспитниот кадар да се придржуваат до насоките за настава по електронски пат и одговорно да се исполнуваат задачите. сст/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Прегазен пешак пред мостот Гоце Делчев

ДКСК со повеќе изборни пријави – дел проследени до ЈО, дел затворени без прекршувања

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково