Утрински Весник
Спорт

Рикардо: Ризик е да се потпише едногодишен договор за да стане слободен агент во 2022 година

Рикардо: Ризик е да се потпише едногодишен договор за да стане слободен агент во 2022 година
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Париз, 22 март 2020 (МИА) – Пилотот на Рено, Даниел Рикардо, смета дека одложувањето на воведувањето на нови технички регулативи од 2021 до 2022 година нема да има сериозно влијание врз ситуацијата на пазарот на трансфери.

– Сега сè е збунувачко, тешко е да се предвиди нешто, но верувам дека возачите ќе донесат правилни одлуки без оглед на ситуацијата. Тешко е да се замисли дека некој сака да потпише едногодишен договор само за да стане слободен агент во 2022 година – ова е ризик. Со исклучок на уникатните ситуации, едногодишниот договор не е идеална опција, затоа мислам дека трансферите склучени оваа година ќе се одвиваат и според старите регулативи и со новата од сезоната 2022 година, изјави Рикардо.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Повеќето од возачите во тимовите од шампионатиот во Формула 1, сè уште немаат склучено нови договори.

На продолжување на соработката со своите сегашни тимови потпис имаат ставено само Макс Верстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори