Утрински Весник
Македонија

Општина Ресен забрани посета на туристички места

Општина Ресен забрани посета на туристички места

Ресен, 22 март 2020 (МИА) – Општина Ресен одлучи да забрани движење и престој на туристичко-излетничките места на своето подрачје.

Според градоначлникот Живко Гошаревски, во Преспа има многу атрактивни места за посети и излети, но сега не е време да се биде надвор, туку дома.

-Забранети се сите туристички и излетнички места зашто несовесни граѓани недоволно ги почитуваат владините и општинските мерки за заштита од КОВИД-19. Викенд-проштетките низ Преспа за туристи и излетници се одложуваат за подобри времиња, рече Гошаревски. мт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“