Утрински Весник
Македонија

Аслани: Граѓаните да плаќаат со картички, да избегнуваат пари

ССК: МФ потврди, засега се дозволува системски неконтролирана е-трговија

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Граѓаните да избегнуваат плаќање со пари, повеќе да користат електронски картички, апелира заменик-министерот за здравство, Арменд Аслани.

Аслани денеска, на заедничката прес-конференција со министерот за здравство, Венко Филипче, одговорајќи на новинарски прашања, уште еднаш повика да се избегнува движењето надвор, собирањето по пазари, во продавници и дуќани.

-Има уште една препорака од СЗО – доколку разменуваме банкноти, пари, треба почесто да ги миеме рацете. Но, ако е можно, подобро е да плаќаме со картички, односно електронски, истакна заменик-министерот. мч/сст/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов бран семејно насилство: Маж нападнал сопруга, син ја тепал мајка си

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“