Утрински Весник
Македонија

Пожар кај Отошница, над Марков манастир

Пожар кај Отошница, над Марков манастир

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Утрово околу 09.30 часот во Противпожарната Бригада на Град Скопје е пријавен пожар кај местото Отошница, над Марков манастир.

За МИА командантот на Противпожарната Бригада на град Скопје Владимир Симоновски информира дека веднаш е испратено возило и пожарот во тој дел од десната страна кон Отошница е изгаснат и нема никаква опасност.

Тој појаснува дека од другата страна на Отошница има чадење, но се работи за непристапен дел како срп до кој не можат да стигнат, и може да се интервенира само од воздух, но сепак нема никаква опасност.

Според Симоновски, пожарот најверојатно е предизвикан од страна на дрвокрадачи. цр/сст/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче, како специјален бугарски пратеник верува дека уставните измени се последно барање

Честитка од претседателката Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски