Утрински Весник
Македонија

Одделението за интензивна нега во Општата болница во Охрид резервирано за прием на евентуални потешки случаи заболени од коронавирусот

Немало гинеколошки компликации кај починатата родилка од Охрид

Охрид, 21 март 2020 (МИА) – Одделот за интензивна нега во рамки на ЈЗУ „Општа болница„ во Охрид при евентуална потреба ќе биде установата каде ќе се згрижуваат пациенти со потешка клиничка слика заболени од коронавирусот и за оние пациенти што имаат потреба од интензивно лекување, соопшти денеска Константин Георгиески.

Одлуката била донесена на координативениот состанок одржан со претставници на сите здравствени установи од подрачјето на Општина Охрид, а во согласност со Оперативниот план, изготвен според протоколите на Министерството за здравство и препораките на Светската здравствена организација за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирус.

Георгиески уште појаснува дека целокупната медицинска опрема, ресурси и капацитети за интензивна нега кои што ги поседуваат сите здравствените установи ќе биде на располагање при лекувањето на потенцијалните пациенти во Одделот за интензивна нега во Општата болница.

– Формирани се тимови од доктори и медицински персонал кои имаат големо искуство во интензивната нега и истите ќе бидат ангажирани за интензивен болнички третман во изолација. За таа намена обезбедена е соодветна заштитна опрема. Утврдена е и логистика за координирање помеѓу сите надлежни институции, со цел да бидат ставени на располагање сите ресурси и заеднички да се придонесе за посоодветно надминување на оваа состојба, вели Георгиески.

Локалната власт и здравствените работници упатуваат апел до сите граѓани на Општина Охрид на одговорно однесување, да покажат највисоко ниво на јавна свест, да ги почитуваат сите препораки за заштита од корона-вирусот Ковид 19 и покрај поволните временски услови да останат во своите домови и на тој начин да помогнат и да придонесат за зачувување на своето здравје, здравјето на најблиските и целокупното јавно здравје.

Според официјалните податоци на Министерството за здравство во Охрид досега е регистриран само еден случај инфицирано лице со корона-вирус. Генерално охриѓани ги почитуват препораките и не излегуваат надвор од своите домови без поголема потреба, но одреден број граѓани не му одолеаа на убавото време и независно апелите и препораките излегуваат на прошетки на Кејот и долж крајбрежјето. аб/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ 

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА

Претседателката Сиљановска Давкова го прими италијанскиот министер за надворешни работи, Тајани