Утрински Весник
Македонија

Се затвора градскиот пазар во Кавадарци, Штабот за заштита со нови заклучоци

Се затвора градскиот пазар во Кавадарци, Штабот за заштита со нови заклучоци

Кавадарци, 21 март 2020 (МИА) – Во наредните 14 дена ќе биде затворен градскиот пазар во Кавадарци, Штабот за заштита и спасување денеска донесе нови заклучоци за заштита од коронавирус, заедно со претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи.

– Се задолжуваат „Мој општинар” и службите општината, во текот на денешниот и утрешниот ден да извршат дезинфекција на заедничките површини во колективните станбени згради (влезови, скаличен простор и лифтови) кои имаат повеке од 8 станбени единици, информираат од локалната самоуправа.

Се задолжуваат такси компаниите на кои им е издадена лиценца за вршење такси превоз, да продолжат со работа со минумум 50 отсто  од капацитетот, дневно да вршат дезинфекција на колите,  а патниците – корисници на превозот задолжително да носат средства за самозаштита.

– Се задолжуваат превозниците од општинскиот  линиски превоз, да продолжат со вршење на редовните линии, со редуцирање на бројот на патници, согласно препораките,  така што да има оддалеченост од најмалку еден метар помеѓу патниците, соопштуваат од општина Кавадарци. свд/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации