Утрински Весник
Македонија

Само едно лице од Тетовско побарало од Црвен крст да му донесе храна и лекови

Само едно лице од Тетовско побарало од Црвен крст да му донесе храна и лекови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 21 март 2020 (МИА) – Само едно лице побарало помош досега од волонтерите на општинската организација на Црвен крст Тетово да му биде донесена храна и лекови, информираат од таму.

– Станува збор за лице во самоизолација во насока на превенција од ширење на коронавирусот. Покрај нив и сите други, особено стари, изнемоштени и осамени лица може да се јават во општинска организација на Црвен крст Тетово за набавка на храна, хигиена и лекови, истакна Шкљќим Мурати, генерален секретар во оргнизацијата.

Телефонскиот број на кој треба да се јават луѓето е 044-336-374 секој работен ден од 09:30 до 13:00 часот.

-Трошокот за набавката ќе биде на тие што ја бараат услугата, односно самите да обезбедат средства за купување на храна и лекови. Граѓаните ќе можат да ја најават потребата секој работен ден, а услугата – дистрибуцијата ќе биде достапна еднаш неделно во Петок, од 10:00 до 13:00 часот, рече Мурати. ас/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари