Утрински Весник
Македонија

Хоспитализираниот  на Инфективно во велешката болница нема коронавирус

Хоспитализираниот  на Инфективно во велешката болница нема коронавирус

Велес, 21 март 2020 (МИА) – Хоспитализираниот од завчера сомнителен случај на Инфективното одделение во велешката Општа болница е негативен и нема корона вирус покажал тестот кој бил извршен на него,а негативни се и тестовите на  членовите на неговото семејство. Како што инфрмира за МИА д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на ЈЗУ Општа Болница, симптомите како покачена телесна температира и сува кашлица биле како последица на добиениот мозочен удар кој ги претрпел овој 70 годишен маж кој пред 10 дена се вратил од Шведска. Пациентот сега е префрлен на понатамошно лекување од претрпениот мозочен удар, информира д-р Николовска Неделкова.

Таа информира дека во Велес и Велешко нема ниту еден случај на заразен со корона вирус и апелира до населението да не шири паника и лажни вести.

-Со оглед на новонастанатата состојба во земјава со вирусот Ковид -19, и препораките од Владата, ние лекарите  апелираме до сите граѓани кои се вратиле од странство да поминат 14 дена во домашна самоизолација,а со цел да го заштитат сопственото и здравјето на останатите граѓани, потенцира  д-р Николовска Неделкова.

Таа потсетува дека само оние лица кои  ќе почувствуват некои од симптомите на вирусот корона:треска и висока температура,тешка кашлица и отежнато дишење  треба да се јават на телефонот 071-219-278 на епидемиолошката служба на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, а која е во постојана координација со Инфективното одделение  на  ЈЗУ Општа болница Велес. ад/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено

Свечена заклетва на 30.класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“