Утрински Весник
Македонија

Штипските текстилни компании ги сошија првите 1.000 заштитни маски

Штипските текстилни компании ги сошија првите 1.000 заштитни маски

Штип, 20 март 2020 (МИА) – Сошиени се првите 1.000 заштитни маски од страна на работничките од штипските конфекции. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска посети две текстилни фабрики, каде што е почнат процесот на шиење.

Бев во две текстилни фабрики лично да се заблагодарам на сопствениците и секако на текстилните работнички и работници кои покажаа висока свест преку нивната секојдневна работа да помогнат на докторите, полицајците, пожарникарите, пензионерите, граѓаните. Веќе од денеска започнуваме со распределба по нашите институции, вели Бочварски.

Општина Штип вчера обезбеди материјал за 20.000 заштитни маски, кои почнаа да ги шијат три текстилни компании „Ларс“, „Вабо“, „ЕАМ“, а од денеска се приклучија уште две текстилни компании станува збор за „Албатрос“ и „Дик Фагус“ кои  ги ставија на располагање дел од своите капацитети како помош во шиењето на заштитните маски. Маските можат да се употребуваат повеќе пати. вдј/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Железничката обиколница Скопје ќе го забрза транспортот со карго возовите на Коридор 10, бенфититет се повеќератни 

Почна судењето против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство

Голем заплен на Деве Баир – полицијата пронајде 24 пакувања марихуана во камион