Утрински Весник
Македонија

Чулев: Важноста на личните документи продолжува додека трае вонредната состојба

Три случаи на непочитување на самоизолацијата во Струмица и Тетово, четири се проверуваат во Скопје
Img 5587

Скопје, 20 март 2020 (МИА) –  Важноста на патните исправи, возачките дозволи и личните карти продолжува до завршување на вонредната состојба, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју на Канал 5 телевизија, информирајќи за првите уредби со законска сила на Владата донесени вечерва.

-Со посебна уредба со законска сила на Владата е суспендирано важењето на законот за јавни собири согласно вонредната состојба, за спречување на заразата од корона вирусот, истакна Чулев.

300x250 (7)

Со законска сила, информираше министерот,  донесено е и продолжување на испитните рокови поврзани со полагање на возачки испити и функционирањето на автошколите.

На странските државјани кои се затекнати во државата, како што истакна Чулев, ќе им се продолжи престојот до завршување на вонредната состојба. бк/бак/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Маричиќ: Единствено стабилен СДСМ може да спречи старо-нов режим

Павле Трајанов одново избран за претседател на Демократски сојуз

Заев: Водевме протестно движење што ја донесе слободата во Македонија