Утрински Весник
Македонија

Уапсен уште еден гостиварец, ја отворил кафетеријата и служел гости

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Гостивар, 20 март 2020 (МИА) – Синоќа околу 22 часот, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 55-годишниот Ј.С. од гостиварско Старо Чајле. При контролата на Државниот пазарен инспекторат во неговата кафитерија во ова село, биле затекнати шест лица.

Ј.С. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување на случајот денеска му е изготвен поднесок поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, додека објектот времено му е затворен.

Од воведувањето на мерки за спречување на ширење на коронавирусот, во гостиварско, за „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ вкупно се регистрирани три вакви случаи. згм/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Мисајловски и генералот Лафчиски на средба со американскиот амбасадор во НАТО, Витакер: Заеднички ја развиваме македонската Армија и ја зацврстуваме колективната одбрана

Продолжува бранот на семејно насилство: Приведени две лица во Скопје, Велес и Куманово

Петровска со порака за роденденот на СДСМ: Ако не се промениме, ќе исчезнеме и затоа час поскоро да започнеме со трансформација!