Утрински Весник
Македонија

Жител на гостиварско Чегране доби кривична пријава, не ја почитувал мерката за задолжителна самоизолација

Почина тригодишно девојче во Струга, телото дадено на обдукција

Гостивар, 20 март 2020 (МИА) – Жител на гостиварското село Чегране заработил кривична пријава, поради непочитување на мерката за самоизолација.

Одделението за внатрешни работи Гостивар-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против В.А (51). Тој е осомничен дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик.

Осомничениот вчера (19.03) во попладневните часови излегол од домот и се движел низ селото, иако бил на задолжителна домашна изолација почнувајќи од 13 март, по што повторно бил вратен во изолација, информираат од СВР Тетово. згм/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

80-годишен скопјанец нападнат во маркет во Центар

По операција од кила полицијата не може да го најде Ремзи Мифтсри, осуден на 10 години затвор за автобуската несреќа кај Ласкарци

Градежните инспектори не биле надлежни за противпожарна, техничка и функционална безбедност во „Пулс“