Утрински Весник
Македонија

Апел од СВР-Битола граѓаните да не се собираат на местото „Кркардаш“

Апел од СВР-Битола граѓаните да не се собираат на местото „Кркардаш“

Битола, 20 март 2020 (МИА)Секторот за внатрешни работи Битола ја информира локалната јавност и апелира граѓаните оваа година да не се собираат ниту групираат на местото „Кркардаш“ каде се наоѓа црквата „Свети четириесет битолски преподобни маченици“.

Како што е познато, според долгогодишната традиција, битолчани во голем број во ноќта меѓу 21-ви и 22-ри март се собираат на „Кркардаш“, ја посетуваат тамошната црква и организираат седенки задржувајќи се подолго време.

-Со цел заштита на граѓаните од ширење на вирусот Ковид-19 апелираме до сите граѓани оваа година да се воздржат од поголеми собирања и групирања во близина на местото „Кркардашво Битола, односно граѓаните да останат дома затоа што секој граѓанин има обврска да ги почитува одлуките кои ги донесе Владата и со кои се забрануваат секакви групирања и собирања на повеќе од пет лица на јавни површини, паркови и јавни места, а секој што нема да ги почитува ќе биде соодветно санкциониран, предупредија од СВР-Битола.мт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алијанса за Албанците: Меџити ги злоупотребува државните канцеларии за партиски цели

Груби го нема, ДУИ се оградува, Мицкоски не верува дека е чист како солза

Ученици од Битола изработиле веб мапа на спомениците од НОБ