Утрински Весник
Економија

Земјоделските аптеки нема да бидат затворени

Со помош на Светска банка ќе се модернизираат земјоделството и административните услуги на социјалното осигурување

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска соопшти дека пролетната сеидба на пченка и сончоглед е во тек. Земјоделските аптеки, напомена, нема да бидат затворени за да можат земјоделците редовно да се снабдуваат со заштитни средства.

-Сеидбата треба да продолжи непречено, но и во овој дел треба да се почитуваат препораките на Владата за заштита од коронавирусот, истакна Димковски на прес-конференција.

Според него, земјоделците ќе можат тековно да набавуваат сé што им е потребно за непречено извршување на редовните активности.

-Набавката на сточна храна со регулирањето на протоколите за транспорт ќе се одвива непречено. Истото важи и за набавка на репроматеријали односно заштитни средства, ѓубрива, семе, саден материјал и друго, посочи министерот. мч/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар

Ангеловска-Бежоска − Васле: Mакропрудентните мерки ја зајакнаа финансиската стабилност

Очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите, вели Мицкоски за унгарскиот заем