Утрински Весник
Македонија

МВР: Безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа стабилна

МВР: Безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа стабилна

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна, а изминатото деноноќие помина мирно и без регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и без регистрирани сообраќајни незгоди.

Како што се соопшти МВР и понатаму, во сила се активностите на полициските службеници кои се во согласност со оперативниот план за работа за контрола на угостителските и другите јавни објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот.

При извршена контрола на градското подрачје, полициските службеници од ОВР Дебар констатирале дека Л.О.(42), сопственик на угостителски објект и Б.Л.(26) сопственик на интернет кафе, и двајцата од Дебар, не ги почитувале мерките и препораките на Владата за забрана за работа на угосителски и други објекти пријавените во кои се собираат поголема група на граѓани, поради што ОВР Дебар поднесе кривични пријави против нив.

Непречено се одвиваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

МВР повторно апелира до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до сите граѓаните во државата строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, додава МВР. нд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВО СЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ ПРОДОЛЖУВААТ ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Можно е локално невреме

(Видео) Патриотско друштво: Полиција спречува изградба на црква во Полог

СДСМ утре ќе објави нов скандал за Тошковски