Утрински Весник
Економија

Стапката на невработеност падна на 16,6 отсто

Невработеноста падна на 17,5 отсто

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Стапката на невработеност во четвртиот квартал од 2019 година падна на 16,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци бројот на невработени лица во овој квартал изнесува 161 242 лица. Активното население во четвртиот квартал брои 968 604 лица од кои вработени се 807 362 лица.

Во првиот квартал од 2019 година стапката на невработеност изнесуваше 17,8 отсто, во вториот 17,5 отсто и во третиот 17,1 отсто.

Податоците покажуваат дека  во 2019 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 964 014 лица, од кои вработени се 797 651, а 166 363 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57.2, стапката на вработеност 47.3, додека стапката на невработеност изнесува 17.3. скс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар

Ангеловска-Бежоска − Васле: Mакропрудентните мерки ја зајакнаа финансиската стабилност

Очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите, вели Мицкоски за унгарскиот заем