Утрински Весник
Македонија

Во тетовско 295 лица во самоизолација

Во тетовско 295 лица во самоизолација

Тетово, 20 март 2020 (МИА) – На тетовското подрачје од 16 до 20 март евидентирани се 295 лица кои потпишале писмени изјави за самоизолација дома, во насока на превенција од ширење на коронавирусот, соопшти денеска СВР Тетово.

Оттаму информираат дека полицијата врши проверки дали се придржуваат до дадените препораки и обврската дека ќе престојуваат дома во предвидениот рок. Во текот на денот, додаваат, се вршат неколку проверки дали лицата се дома или го напуштиле станбениот објект.

МВР на 17 март објави дека едно лице од Тетово ја прекршило мерката за самоизолација и за него е поднесена соодветна пријава до Обвинителството по членовите 205 и 206 од Кривичен законик за пренесување заразна болест и непостапување по здравствените прописи за време на епидемија. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната година 2025/2026 година

На Клиниката за урологија изведена операција асистирана од робот, прва во Македонија

Двајца загинати и еден тешко повреден во тешка сообраќајка на експресниот  пат Прилеп – Градско