Утрински Весник
Македонија

Прес-конференциите на Владата од денеска само на онлајн стрим, без присуство на сниматели и новинари заради превенција

Владата му препорача на ЈО приоритетно да постапува по предметите во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот

Скопје, 20 март 2020 (МИА) -Владата соопшти дека со оглед на вонредната состојба во која се наоѓаме поради коронавирус и сите воведени рестрикции, од денеска прес-конференциите ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели во медија центарот на Владата.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, целта на овие мерки е сите заеднички да се заштитиме и да обезбедиме услови за работа согласно актуелната ситуација.

Прашањата за прес-конференциите во текот на денот може да се испратат на portparol@vlada.gov.mk и на мејл адресата на портпаролот/лицето за односи со јавност на ресорното министерство, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака за која прес-конференција односно за кој министер/министерка (претставник на институција) се однесуваат.

Прашањата треба да пристигнат најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција.

(Пример:

To: portparol@vlada.gov.mk; sonjajankovska@yahoo.com;
Subject: (од МИА) Прашање за прес конференција на МЗШВ Димковски 11:30

Body: Прашањето на медиумот

Потпис: Име и Презиме, Медиум)

-За секоја прес-конференција, ќе стигне најава од прес центарот на Владата, со вклучени емаил адреси на кои може да се постават прашањата, како и линкови (МКД и АЛБ) за видео стрим на кои може да се преземе и следи прес-конференцијата. Видео во висока резолуција можете да преземете од нашиот јутуб канал, стои во соопштението од владината прес служба. вг/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk