Утрински Весник
Македонија

Цами: Дезинфициран градот и повеќе села

Цами: Дезинфициран градот и повеќе села

Дебар, 20 март 2020(МИА) – Со несмалена динамика продолжува дезинфекцијата во градот и населените места во Дебар, како мерка за спречување на проширувањето на коронавирусот.

– Во рамки на мерките на Оперативниот штаб за дезинфекција на јавни површини, објекти и слично може слободно да се каже дека оваа активност целосно се реализира на територијата на градот или 95 отсто. Исто така извршена е дезинфекција во селата Могорче, Долно и Горно Косоврасти, а продолжуваме и во останатите населени места во општината, вели Омер Цами, раководител на секторот за комунална хигиена во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и член на општнскиот оперативен штаб.

Тој посочи дека извршена е дезинфекција во влезовите и коридорите во сите станбени згради во градот, а распределени се и најлонски вреќи за смет на околу три илјади домаќинства.

– Уште еднаш упатувам апел до граѓаните вреќите со отпад да ги фрлаат во контејнерите, а кантите кои ги поседуваат домаќнствата, кои живеат во индивидуални куќи, истите да ги извадаат пред куќите на денот определен за подигање на отпадот. Стои апелот да не се фрла тврд отпад бидејќи во оваа ситуација него не можеме да го подигаме, апелира Цами.

Дезинфекција е извршена во и околу сите верски објекти.

Продолжува миењето на улиците во градот со чиста вода и течен детерген.

Покрај вработените на „Стандард“, во извршување на дезифекцијата се вклучени и дел на вработени во Територијалната противпожарна единица.вт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Брзата интервенција на пожарникарите и доброволците го спречи ширењето на пожарот во Штип

ДЗС бара поранешни полицајци, војници и пожарникари за гаснење пожари – плата до 2.150 евра за три месеци

За првпат МТВ нема да го пренесува Светското првенство во фудбал