Утрински Весник
Македонија

Се намалуваат водостоите на реките

Ќе се изработува техничка документација за брана на реката Сушица во Виничко

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Водостоите на сите реки во земјава се под просекот за март и кај најголем дел има намалување на нивото во однос на вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се Пчиња, на мерното место кај Пелинце, и Струмица кај Сушево каде има минимално зголемување на водостојот во споредба со вчера.

Нивоата на трите природни езера во земјава се исти како вчера, но кај Дојранското и Охридското Езеро се повисоки од просечните, додека водостојот на Преспанското Езеро е за 84 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за март. вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Загадениот воздух ни го краде вниманието и ги заматува емоциите, покажува ново истражување

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот