Утрински Весник
Спорт

Олимпискиот факел ќе пристигне во Токио

Олимпискиот факел ќе пристигне во Токио

Токио, 20 март 2020 (МИА) – Олимпискиот факел денеска ќе пристигне во Токио, а потоа е планирано да помини низ цела Јапонија.

Организаторите на Олимписките игри во Токио вчера го презедоа олимпискиот пламен во Атина, на церемонија  одржана без публика поради пандемијата со новиот коронавирус. Олимпискиот факел беше предаден на Олимпискиот срадион „Панатинаико“, каде се одржани првите модерни Игри во 1896 година.

Олимпискиот факел беше запален пред седум дена, а неговото патување низ Грција беше стопирано 24 часа подоцна поради Ковид-19.

Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 24 јули до 9 август. ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен