Утрински Весник
Спорт

Формула 1 и официјално го одложи трките во Монако, Шпанија и Холандија

Ф1: Задолжително учество на дебитанти на тренинзите од 2021 година

Монако, 19 март 2020 (МИА) – Формула 1 и официјално ги одложи трките во Монако, Шпанија и Холандија. Сите три стартови требаше да се одржат во мај, но сега сезоната ќе започне во Азербејџан најрано на 7 јуни. Веста дојде по конференциски повик помеѓу Чеис Кери, Рос Браун, Жан Тод и десетте шефови на тимови.

– Поради континуираната комплексна и променлива глобална состојба со КОВИД-19, ФИА, Ф1 и промоторите на трите трки ги донесоа овие решенија за да обезбедат здравје и безбедност на патничкиот персонал, учесниците во првенството и навивачите, што останува наша примарна грижа, се вели во заедничко соопштение.

Понатаму, се споменува дека сите ќе разговараат за можните алтернативни датуми во текот на годината кога да се одржат одложените трки. ФИА и Ф1 очекуваат првенството да започне веднаш штом е безбедно.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина