Минхен, 19 март 2020 (МИА) – Властите во германската држава Баден-Виртемберг забранија какви било фудбалски натпревари до 15 јуни, но оваа одлука сепак може да се промени во зависност од резултатите од борбата против коронавирусот во земјата.
Ова значи дека во овој период нема да има мечеви на домашен терен меѓу Хофенхајм и Фрајбург во Првата Бундеслига и екипите на Штутгарт, Карлсруе, Зандхаузен и Хајденхајм во второто ниво.
Во принцип, првенствата во државата се прекинати до 2 април. Доколку ограничувањето на Баден-Виртемберг не падне, клубовите за кои станува збор можеби ќе треба да бидат домаќини на стадиони надвор од оваа област.
Пред неколку дена, властите во Берлин ги забранија сите спортски настани во главниот град до 15 април.